“Селектирај, за општо добро“

“Селектирај, за општо добро“

2558
0
АКЦИЈА

Културата кај населението кога е отпадот во прашање е на ниско ниво и затоа е потребна постојана едукација – велат од компаниите што го преработуваат отпадот.

Додека во развиените држави бизнисот со преработка на отпад е и тоа како исплатлив, во Македонија е се уште во зачеток. Во земјава компаниите и граѓаните фрлаат 110 илјади тони отпад од амбалажа, од кои едвај 20 илјади тони се рециклираат. И покрај се почестото поставување на контејнери за фрлање на различен вид отпад, ретко кој го селектира како што треба.
На хартиениот отпад местото му е во синиот контејнер. Жолт за пластика, зелен за стакло.Отпадот не е ѓубре, затоа правилно селектирајте го!