Пролетна акција на ЈПКД “Комуналец“ и Општина Струмица

Пролетна акција на ЈПКД “Комуналец“ и Општина Струмица

2474
0
АКЦИЈА

Изминатиов викенд Јавното претпријатие за комунални дејности “Комуналец“ во соработка со Општина Струмица, реализираа низа активности за раззеленување на улиците и чистење на неправилно одложениот комунален отпад во повеќе населени места.  Локациите на кои што се работеше, ги посетија градоначалникот Коста Јаневски и директорот на ЈПКД “Комуналец“, Зоран Горгиев. На „транзитниот пат“, на потегот од кружниот тек на кој завршува бул. “Ленинова“ до кружниот тек кај бул. “Гоце Делчев“ се засадија  висококвалитетни листопадни садници од од сортата јавор. Во склоп на Годишниот план на работа во наредниот период ќе се работи на дополнително уредување и разубавување на овој дел од градот.