ЈПКД „Комуналец“ ќе поднесе барање до Советот на општина Струмица за ослободување од плаќање на сметките на компаниите кои не работеа или се уште не работат поради корона кризата, рече денес директорот Зоран Горгиев. Според него барањето е подготвено заедно со компаниите, кои се нивни корисници и штом биде прифатено од Советот на општината истото ќе се реализира.