Продолжува генералното чистење на каналот на „Крушевска Република

Продолжува генералното чистење на каналот на „Крушевска Република

1645
0
АКЦИЈА

ЈПКД „ Комуналец „ со своите  вработени од Одделениjaта “Комунална Хигиена“, “Одржување и управување со градските гробишта“, “Одржување и управување со јавно зеленило“ и секторот “Механизација“ продолжи  со генерално летно чистење на  2 риот дел од каналот на „Крушевска Република„  (од кружен тек до чурлински мост) со што освен за подобрувањето на изгледот и хигиената на самиот канал, се превенира од  создавање на поплави од поројни дождови во летниот период. Во обемната акција беше соберена и депонирана сета трева и  исушени растенија кои беа претходно третирани со средство за сушење, сите нови израстоци на трева и растенија во каналот и околу него се сосечени и соберени, целата наталожена земја и исушена кал собрана и извадена од и околу каналот. Освен тоа дел од екипата изврши косење на тревата и чистење на јавната површина што се наога помеѓу улиците Дунавска и Вардарска. Апелираме до сите граѓани кои живеат во овој дел на градот за посовесно однесување и забрануваме секакво фрлање на одпадоци во каналот. Домакинствата својот отпад да го пријават во Одделението “Комунална хигиена“ при ЈКПД ,,Комуналец,, за да може истиот да биде навремено подигнат.