По силното невреме кое ја зафати Општина Струмица во текот на саботата, каде за само половина час наврнаа 35 литри на метар квадратен дожд, донесоа наноси од кал и чакал на улиците “Маршал Тито“, “Младинска“, “Ѓорги Василев’, „Ацо Караманов„. Работни единици на Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ од утринава се на терен и преземаат мерки за остранување на наносите, се чистат улиците, како и атмосферската канализација. Активностите продолжуваат се до отстранување на последиците кои поројниот дожд ги остави зад себе.