Генерално чистење на населено место Костурино

Генерално чистење на населено место Костурино

2677
0
АКЦИЈА

Денес, 10.07.2018 година , понеделник, работни единици од одделението “Комунална Хигиена“ при Јавното претпријатие за комунални дејности “Комуналец“ вршеа генерално чистење во населеното место Костурино. Се собираше отпадот, косеше тревата, се метеше, а се уредуваа и пешачките зони.Според Бранко Горѓиев, раководител на “Комунална хигиена“, чистењето се врши согласно годишниот план за генерално чистење на населените места во општина Струмица.