Поставени табли „ЗАБРАНЕТО е фрлање комунален отпад“ – Еко Фронт

Поставени табли „ЗАБРАНЕТО е фрлање комунален отпад“ – Еко Фронт

2748
0
АКЦИЈА

Во склоп на акцијата „Еко Фронт“ во организација на Општина Струмица и ЈПКД „Комуналец“, со која беше опфатено генерално чистење на диви депонии во повеќе населени места, денес се поставија табли со натпис: Согласно член 4 од Закон за јавна чистота, ЗАБРАНЕТО е фрлање комунален отпад… Надлежните комунални инспекциски служби согласно законските одредби континуирано преземаат соодветни мерки во согласност со нивните овластувања и надлежности, каде досега се  затекнати прекршители кои вршеле фрлање и запалување на отпад, по што против истите се изречени 8 прекршочни санкции со издавање на мандатен платен налог и 1 санкција со издавање на прекршочен патен налог. Општина Струмица и ЈПКД  „Комуналец“  апелираат до граѓаните правилно да го одлагаат својот отпад, да не создаваат диви депонии коишто ја загадуваат животната околина.


ОБВРСКИ НА УЧЕСНИЦИТЕ ВО ОДРЖУВАЊЕТО НА ЈАВНАТА ЧИСТОТА Член 14