Повторно исчистена дивата депонија покрај патот кон населено место Костурино

Повторно исчистена дивата депонија покрај патот кон населено место Костурино

2173
0
АКЦИЈА

Работната единица од одделението “Комунална хигиена“ од ЈКПД „Комуналец“ минатата недела спроведе акција. Подигнати се големи количини на градежен шут, електрични апарати, зелен отпад и др.од дивата депонија од на патот кон Општина Валандово, после населеното место Костурино.


Од Одделението “Комунална хигиена“ при Јавното претпријатие за комунални дејности “Комуналец“ истакнуваат дека на депонијата  несовесните граѓани најчесто во ноќните часови непречено депонираат шут и друг вид на одпад. Реакцијата на граѓаните за еколошки загадената околина се реализираше и деопонијата сега повторно е исчистена.

За несовесните граѓани кои ја загадуваат животната средина од ЈПКД “Комуналец“ најавуваат казнени санкции.