Хортикултурно збогатен источниот влез во градот

Хортикултурно збогатен источниот влез во градот

2304
0
АКЦИЈА

Екипи од Секторот „Одделение за управување и одржување на јавно зеленило“ при Јавно претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ продолжија со активности за уредување на просторот кој се наоѓа во непосредна близина на сообраќајната клучка на влезот во Струмица, на потегот на булеварот „Ленинова“, во насока кон патниот правец Струмица – Скопје.  Овој простор зафаќа голема површина  и се изврши хортикултурно уредување на истиот со засадување на цветни садниици трева, ниски дрвца и друго зеленило соодветно за тој терен.