Отпадот во светот ќе се зголеми за 70% до 2050 година?

Отпадот во светот ќе се зголеми за 70% до 2050 година?

1937
0
АКЦИЈА

Количината отпад во светот може да се зголеми за 70% во наредните три децении, проценува Светска банка. Најголема количина отпад се очекува во јужна Азија и Субсахарска Африка, но истовремено, земјите во тие региони може да имаат економска и еколошка корист од подоброто собирање, рециклирање и менаџирање со отпадот, објави Светска банка.Резултат со слика за garbage


И покрај тие податоци, проценките се дека вкупно една третина од светскиот отпад, наместо организирано да се собира и рециклира, се фрла на отворен простор, без никаква обработка. „До 2050 година отпадот во јужна Азија ќе се дуплира, а во Субсахаркса Африка ќе се зголеми трикратно“, предупредува авторката на извештајот и експерт на Светска банка за оваа тема, Слипа Каца.Поврзана слика

Богатите земји произведуваат една третина од отпадот во светот, иако имаат само 16% популација, а четвртина од отпадот отпаѓа на источна Азија и пацифичкиот регион, се наведува во извештајот, пренесува N1.info.Поврзана слика

Светска банка, како што пренесуваат западните медиуми, укажува дека некои сиромашни земји немаат ни закони за менаџирање со отпадот, а последицата е дека се поголема количина од отпадот придонесува за глобалното затоплување. Во извештајот се наведува и дека поголемото рециклирање и намалувањето на потрошувачката на пластика и фрлањето храна ќе помогне да се намали количината отпад, со оглед на тоа дека пластиката изнесува 12% од вкупната количина отпад во светот, се наведува во извештајот од Светска банка.

 Иновативност.мк