Ефтимов: Струмица ја има првата Пречистителна станица изградена по европски стандарди

Ефтимов: Струмица ја има првата Пречистителна станица изградена по европски стандарди

2975
0
АКЦИЈА

Oпштина Струмица ја има првата Пречистителна станица за третман на отпадни води во Република Македонија изградена по европски стандарди и со европски средства. Со неа трајно се реши проблемот со отпадните води од градот и околните села: Баница, Добрејци и Градско Балдовци, како и индустриските зони кои гравитираат конСтрумица, зона Север и зона Сачево.


„Оваа станица е изградена во согласност со националното и ЕУ законодавство со што се вклопува во исполнувањето на барањата поврзани со пристапување на земјата кон ЕУ и обврските за почитување на препораките преку исполнување на ЕУ директивите. За изградбата на оваа пречистителна станица се потрошени вкупно 6,5 милиони евра обезбедени од фондовите на Европската унија. Општина Струмица со средства од буџетот учествуваше во кофинансирање на Проектот со финансирање на експропријацијата на земјиштето, изведба на водоводната линија, финансирање на ревизија на Основниот проект и проектот за колекторскиот систем и изработка на сите потребни геодетски елаборати како и со целокупниот ангажман на општинската администрација и вработените во ЈПКД „Комуналец“ во подготовка на целокупната техничка документација потребна за Проектот“ – вели Стојан Ефтимов, помошник директор за технички прашања во ЈПКД „Комуналец“ Струмица.

Една од главните придобивки од Пречистителната станица е здравата животна средина која што е многу битна за овој наш земјоделски регион. Тоа значи дека и земјоделците од овој дел кои произведуваат квалитетни и еколошки земјоделски производи имаат можност да ги наводнуваат своите површини со чиста вода која што доаѓа преку Пречистителната станица за отпадни води.

Ефтимов вели дека многу години се решаваше овој проблем со изградбата на Пречистителната станица, но општина Струмица беше упорна и благодарение на тоа и на нејзината способност за аплицирање пред европските фондови успеа да ги обезбеди средствата и да ја изгради станицата која што беше пуштена во работа во октомври минатата година.

„Со неа општина Струмица потврди дека е лидер во искористувањето на средства од европските фондови и во спроведувањето на модерни и нови технологии и решенија за проблемите со кои што се соочуваат нашите граѓани. Секако дека има уште проблеми за решавање, но сега пред нас имаме поповолни можности за тоа, бидејќи со зачленувањето во Европската унија, нејзините фондови ќе бидат уште поотворени, а ние како општина Струмица веќе имаме одлични искуства за искористувањето на средствата од нив за решавање на нови инфраструктурни проекти. Убеден сум дека отворените европски фондови ќе донесат уште поголем развој во сите области и во интерес на сите граѓани на општина Струмица“ – додаде Ефтимoв.

линк: Струмица Нет