“Елколект“ со свое првенче “ЕЛ Магазин“

“Елколект“ со свое првенче “ЕЛ Магазин“

3058
0
АКЦИЈА

Елколект е лиценциран колективен постапувач, кој поседува дозвола за постапување со отпадна електрична и електронска опрема, издадена на 9 март 2015 година со број 11-461/6 и дозвола за постапување со отпадни батерии и акумулатори, издадена на 4 ноември 2015 со број 11-5661/5, издадени од Министерство за животна средина и просторно планирање.


Примарна дејност на Елколект е управување со отпад од електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори. Основна цел на компанијата е да воспостави функционален систем за постапување со отпадна електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори на начин кој нема да создава дополнителен терет на животната средина и животот и здравјето на граѓаните на Република Македонија.

Елколект е отворен за соработка и преземање на обврските на сите производители на електрична и електронска опрема и батерии и акумулатори регистрирани согласно Законот за електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема („Сл. Весник на РМ“ бр. 6/12 и 10/13) и Законот за батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори, кои имаат обврски за постапување со отпадната опрема („Сл. Весник на РМ“ бр. 140/10, 47/11, 148/11, 39/12 и 163/13).