Работни единици од одделенијата “Комунална Хигиена” и “Градско Зеленило“ при јавното претпријатие за комунални дејности “Комуналец” започна акција за генерално чистење на Спомен костурницата во месноста „Варници“ кај населеното место Раборци. Оваа акција е во склоп на годишната програма за одржување на спомен обележјата на територијата на Општина Струмица. Да се зачува генералната слика на најчиста општина во Македонија.