Свесни сме дека кучињата скитници се проблем во Општината, но ова не...

Свесни сме дека кучињата скитници се проблем во Општината, но ова не е начинот на кој треба да се ослободиме од нив

1928
0
АКЦИЈА

Во последните 24 часа, се отруени преку 20 кучиња на подрачјето на Струмица.


Преку социјалните мрежи попладнево се обрати и градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, кој го осуди овој чин и побара од надлежните органи да се пронајдат сторителите.

„Kако човек и Градоначалник на општина Струмица, сум згрозен од грозоморниот чин извршен врз кучињата на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица, синоќа во доцните вечерни часови.
Ја осудувам оваа нехумана и под секое достоинство постапка извршена од страна на некои наши сограѓани и ги охрабрувам надлежните органи да ги пронајдат сторителите и да постапат согласно законските прописи.
Свесни сме дека кучињата скитници се проблем во Општината, но ова не е начинот на кој треба да се ослободиме од нив.
Општина Струмица од 2015 година спроведува хуман третман кон кучињата скитници, а од крајот на минатата година заедно со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, работи на трајно решавање на проблемот со изградбата на Стационарот за бездомни животни во атарот на селото Сачево.
Објектот е изграден, за десетина денови ќе се изврши технички прием, а тендерот за набавка на опремата веќе е во тек.
Апелирам до граѓаните да се воздржат од вакви нехумани постапки и да покажат поголемо разбирање до ставањето во функција на Стационарот со кој кучињата скитници ќе се третираат по европски стандарди, а согласно Законот за заштита и благосостојба на животните.“