Успешно изгаснат пожарот помеѓу селата Баница и Водоча, на терен беше екипа...

Успешно изгаснат пожарот помеѓу селата Баница и Водоча, на терен беше екипа на ЈКПД “Комуналец”

1492
0
АКЦИЈА

Попладнето на 12 јули околу 13 часот во близина на селото Водоча на планината Еленица,беше пријавен шумски пожар од поголеми размери. Според информациите од терен, ангажирани беа сите дежурни екипи со противпожаните возила од Противпожарната единица од Струмица кои работаеа на локализирање на пожарот и негово гаснење заедно со цистерни од ЈКПД КОМУНАЛЕЦ и екипа од претпријатието заедно со директорот Зоран Горѓиев.


Дополнително ќе се утврдуваат причините за пожарот, како и материјалната штета.