Управување со цврст отпад

Управување со цврст отпад

1994
0
АКЦИЈА

Под поимот “отпад” се подразбираат сите тие материи кои во секојдневниот
живот на човекот во рамките на неговото функционирање, работа и активност,
во определено време и на определено место стануваат неупотребливи.
Отпадните материи во цврста агрегатна состојба се класифицираат како цврст отпад.
Цврстиот отпад, претставува сложен и хетероген материјал, кој под нормални
услови е тврд, а настанува како резултат на човековото живеење и работење.
Овој термин се користи за да се опишат отпадните материи кои не се во течна агрегатна
состојба, а потекнуваат од домаќинството, индустријата, земјоделието, трговијата,
медицината и од јавните услужни дејности. Во оваа група се наоѓаат голем број отпадни
материи кои се јавуваат во големи количини, а се разновидни по начинот на нивното
формирање, по физичките, хемиските и биолошките својства.
Состојките во цврстиот отпад може да бидат:
– Ферментабилни и тоа органски состојки, кои брзо се распаѓаат како на пример остатоци од
преработена и непреработена храна, коски, животински лешеви итн.
– Инертни (органски и неоргански) состојки, кои не се разложуваат или се разложуваат многу
бавно како керамика, стакло, пластика и сл.