Со полн интензитет се одвива Еко-акцијата

Со полн интензитет се одвива Еко-акцијата

1358
0
АКЦИЈА

Во текот на вчерашниот ден, 18.12.2017 недела продолжи Еко акцијата организирана од Општина Струмица и ЈПКД Комуналец – Струмиица. Вкупно беа собрани 110 m³ отпад. Се работеше на улиците: “Бетовенова“, “Славчо Стојменски“, “5ти Ноември“, “Спиро Захов“, “Епименонда Поп Андонов“, “11 Септември“, “Маршал Тито“ до излезот кон населено место Куклиш. Се изврши чистење на дивата депонија кај улицата “Спиро Захов“ во близина на нервното одделение. Акцијата ке трае до 24 декември 2017 година.