Пуштена пречистителна станица за отпадни води во Струмица

Пуштена пречистителна станица за отпадни води во Струмица

3541
0
АКЦИЈА

Општина Струмица доби нова Пречистителна станица  за третман на отпадни води со која ќе раководи ЈПКД “Комуналец“ Струмица, со што трајно се решава проблемот со отпадните води во општината и се подигнуваат стандардите за заштита на животната средина. Инсталираните капацитети во Прочистителната станица која е сместена во селото Сачево го опфаќаат градот Струмица со 53.419 жители и 12 населени места, со дневен капацитет на отпадни води од 9.458 метри кубни. Станица за отпадни води е финансирана преку ИПА фондовите. Изградбата на Пречистителната станица ја реализираше компанијата WTE членка на ЕВН Групацијата. WTE е водечка компанија за снабдување со вода и третман на отпадни води на пазарот во ЕУ.


На означување на стартот на работата на станицата за третман на отпадни води, претседателот на Владата, Зоран Заев, истакна дека имплементирањето на нови технологии кои истовремено ќе овозможат заштита на животната средина и правилно искористување на ресурсите се основа за долгорочен економски развој и на локално и на национално ниво.На настанот присуствуваа и амбасадорот на ЕУ во Македонија Самуел Жбогар, градоначалникот на Струмица Коста Јаневски, министерот за финансии Драган Тевдовски, министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки, заменик министерот  за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули.