Се санираат последиците од невремето

Се санираат последиците од невремето

1137
0
АКЦИЈА

Иако силниот ветар проследен со дожд траеше само 20-ина минути, направена е штета низ Општина Струмица, посебно на дрворедите низ градот. На терен се екипи од сите сектори при ЈПКД „Комуналец“. Покрај стандардните активности за метење и чистење, поради поволните временски услови, денеска се спроведува акција за санирање на штетите од невремето. Се врши и машинско миење на булеварите и улиците со автоцистерни. Од УХМР информираат дека и во следните денови во попладневните часови ќе има честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. ЈПКД „Комуналец“ ја следи стостојбата на терен со целата расположлива механизација и ќе продолжи во текот на претстојната недела.