Се изврши поправка и дезинфекција на контењерите

Се изврши поправка и дезинфекција на контењерите

1110
0
АКЦИЈА

Во текот на изминатиот викенд екипи од ЈПКД “Комуналец” извршија поправка и дезинфекција на контењери за отпад. Оваа е вонредна акција за нивна поправка и дезинфекција, затоа што голем дел од нив беа оштетени. ЈПКД „Комуналец“ интервенира со нивна поправка, дезинфекција и миење. Од „Комуналец“ апелираат до граѓаните да внимаваат кога го фрлат отпадот во контењерите, посебно на запаллив отпад во зимскиот период.