Отстранување на отпадот и нараснатата вегетација долж улицата „Браќа Миладинови“

Отстранување на отпадот и нараснатата вегетација долж улицата „Браќа Миладинови“

2016
0
АКЦИЈА

Јавното претпријатие за комунални дејности “Комуналец”  спроведува акции на целата територија на oпштината за косење на нараснатите тревни површини  кои се резултат на обемните врнежи на дожд во изминатиот период. Денес, екипи од одделението „Комунална Хигиена“ вршат отстранување на отпадот и нараснатата вегетација долж улицата „Браќа Миладинови“, од „Чешел Пазар“ до С.О.У. „Димитар Влахов“.