Редовно се одржуваат тревните површини со косење, полевање, засадување сезонско цвеќе, негово одржување, како и одржување на постоечкиот саден материјал во парковите. Дрворедите долж сообраќајниците исто така се одржуваат со нивно навремено окопување, чистење од трева, полевање и кроење.