Се чистат наносите по поројните дождови

Се чистат наносите по поројните дождови

2249
0
АКЦИЈА

Поројните дождови во вечерните часови, оставија последици на неколку улици низ градот. Работни единици од Јавното претпријатие за комунални дејности “Комуналец“  се на терен и вршат чистење и миење на улиците, како и отстранување на наносите од нив, се врши и чистење на атмосферската канализација. Активностите ќе продолжат се до целосно отстранување на последиците кои невремето ги остави зад себе.