Проект за меѓуетничка интеграција поддржан од ЈПКД “Комуналец“

Проект за меѓуетничка интеграција поддржан од ЈПКД “Комуналец“

1787
0
АКЦИЈА

Во рамките на активностите за поддршка и унапредување на квалитетот во образованието, интеграција на маргинализираните категории на граѓани како и унапредување на меѓуетничкото разбирање, во соработка на двете основни општински училишта “Маршал Тито“ и “Видое Подгорец“ во соработка со јавното претпријатие за комунални дејности “Комуналец“ денес во градскиот парк, ученици од две паралелки од овие училишта, под менторство на наставниците Васка Тасева Митева и Ејдин Усинов и вработени од одделението “Градско Зеленило“ посадија околу 2300 цвеќиња. Координатор на овој проект е Мимоза Јовановска. Со овој проект и интерактивното дружење децата од различна етничка припадност се запознааваат меѓу себе и се зближуваат. ,ЈПКД “Комуналец“ ја поздравува оваа иницијатива и ќе ги поддржи ваквите и слични проекти.