Привршува акцијата за засадување на сезонско цвеќе

Привршува акцијата за засадување на сезонско цвеќе

1421
0
АКЦИЈА

Вработените во единицата „Зеленило“ при Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ се при крај со обновувањето на цветните површини во градот. На одредени површини во големиот Градски парк, околу палмите на булеварот „Маршал Тито“ и на булеварот „Ленинова“, засадено е ново сезонско цвеќе.