“Штеди вода, кажи ни како?“ со едукативна прошетка во “Фабриката за вода“

“Штеди вода, кажи ни како?“ со едукативна прошетка во “Фабриката за вода“

3692
0
АКЦИЈА

Проект-кампањата “Штеди вода, кажи ни како“ која во средината на септември, на самиот почеток на учебната година, беше организирана од страна на јавното претпријатие за комунални дејности “Комуналец“ во соработка со сите основни училишта на територијата на Општина Струмица организираше едукативна прошетка во Фабриката за вода за IV-в од О.О.У. “Видое Подгорец“,  одделението кое ги напиша најдобрите решенија за штедење на водата.  Идеата ни беше да ги инспирираме на учениците за значењето и штедeњето на водата како и подигнување на културата на хигенските навики, а со оваа едукативна прошетка одблиску да се запознаат со целиот процес на обработка на водата.