Пожар на поткровје на улицата „Огражден“

Пожар на поткровје на улицата „Огражден“

1797
0
АКЦИЈА

Од Противпожарната единица потврдија дека во понеделник 22,01,2018 год. во 15:50 часот е пријавено пожар во семејна куќа и веднаш биле ангажирани 10 пожарникари со три противпожарни возила. Пожарот е изгаснат околу 16:30 часот и не е дозволено истиот да се прошири кон вториот кат од куќата и соседните куќи. Направена е материјална штета. Нема повредени.


Денес по пријава од оштетените граѓани, на терен излегоа екипи од одделението „Комунална Хигиена“ при ЈПКД “Комуналец„ Струмица со цел да се острани целиот смет од опжарениот објект.