Уредување на дрворедите на улица “Димитар Влахов“

Уредување на дрворедите на улица “Димитар Влахов“

3401
0
АКЦИЈА

Од денес започна уредувањето на дрворедот на ул. “Димитар Влахов”. Екипите на “Градско зеленило” при ЈПКД “Комуналец„ Струмица започнаа со кастрење и кроење на гранките, како и сечење на старите, суви и уништени гранки, согласно претходна проценка од наши стручни лица. Со акцијата ќе се продолжи во наредните денови, а целта на оваа акција како и предходно е да се спречи кршење и паѓање на гранките на паркираните возила, и безбедно движење на пешаците по тротоарот.