Во спомен на рибочуварите Ѓорѓи Божијанов-Буги, Дамјан Рашковски, Глигор Ристов, и Васе Мицев кои трагично ги загубија животите на езерото Водоча, денес на брегот на езерото се откри споменик во нивна чест. Гољо, Даме, Васе и Буги, го загубија животот во водите на езерото Водоча на 24 јануари 2004-та година. Споменикот во чест на четворицата рибочувари е подигнат по иницијатива на РД „Мрена“, концесионерот на брана Водоча „Фиш Нет“ и синдикатот при ЈПКД „Комуналец“. Беше извршено и порибување на езерото со 103 килограми подмладок на крап. А потоа се продолжи со веќе традиционалниот риболовен турнир на вработените во ЈПКД „Комуналец“.
дома Uncategorized Подигнат споменик во чест рибочуварите Ѓорѓи Божијанов-Буги, Дамјан Рашковски, Глигор Ристов, и Васе...