Отворениот „Еко фронт“ го зафати и Куклиш

Отворениот „Еко фронт“ го зафати и Куклиш

1457
0
АКЦИЈА

Големата акција „Еко фронт – Чиста да ни е“, која  во организација на Општина Струмица и ЈПКД „Комуналец“ се реализира веќе неколку месеци, денес го опфати и селото Куклиш и неговата околина. Во денешните активности беа вклучени работници и механизација  од ЈПКД „Комуналец“, како и ученици од Куклиш, при што беа отстранети неколку диви депонии, а беа чистени и улици и дворови во населеното место. На акцијата присуствуваа и градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, директорот на ЈПКД „Комуналец, Зоран Горгиев, како и раководителот на РЕ „Чистота“при ова комунално претпријатие,БранкоЃоргиев.          Во изјавата за медиумите, градоначалникот Јаневски истакна: „Продолжуваме со големата еко акција која ја нарековме „Еко фронт“. Јас сум задоволен од резултатите кои ги постигаме. Уште повеќе ми дава надеж сознанието дека се повеќе наши сограѓани се пријавуваат да учествуваат во овој „Еко фронт“ кој го отворивме. Еве, посебна благодарност упатувам до учениците. Денес сме во населеното место Куклиш, каде што е во тек една опсежна акција: чистење на депониите, чистење на улиците и уредување на некои дворни места. Тоа е еден многу добар почеток. Гледам дека акцијата е многу добро прифатена и од месното население. Ги согледуваме сите наши лоши навики и гледам дека полека луѓето, на некој начин, се посериозно размислуваат дека сме грешеле доста долго време и дека е крајно време да ги промениме нашите навики“.


Големата акција „Еко фронт – Чиста да ни е“, која во организација на Општина Струмица и ЈПКД „Комуналец“ се реализира веќе неколку месеци, денес го опфати и селото Куклиш и неговата околина. Во денешните активности беа вклучени работници и механизација од ЈПКД „Комуналец“, како и ученици од Куклиш, при што беа отстранети неколку диви депонии, а беа чистени и улици и дворови во населеното место. На акцијата присуствуваа и градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, директорот на ЈПКД „Комуналец, Зоран Горгиев, како и раководителот на РЕ „Чистота“при ова комунално претпријатие,БранкоЃоргиев. Повеќе на следниот линк:

Gepostet von ЈПКД "Комуналец" Струмица am Mittwoch, 24. April 2019

За понатамошниот тек на акцијата, градоначалникот Јаневски рече: Во иднина продолжуваме понатаму. Таа е, како што реков, една опсежна акција или кампања, која вклучува повеќе сегменти, и тоа вклучување на сите доброволци и граѓани, како и на сите наши организации кои можат да помогнат со своја механизација и луѓе. Секое населено место ќе биде опфатено со оваа акција, која се повеќе зема замав. Акцијата вклучува и едукација и потсетување на нашите граѓани, посебно од помладите категории, со одредени материјали кои ги подготвуваме. Јас очекувам многу од оваа акција, посебно да ставиме конечно точка  на овие наши лоши навики. Гледаме дека е оваа навистина голема акција и еден предизвик, бидејќи и самите сте свесни, колку многу ѓубре се насобрало по депониите, во општината и во нашето непосредно опкружување“.

Директорот на ЈПКД „Комуналец“, Зоран Горгиев во својата изјава ги повика граѓаните да се вклучат во акцијата, апелирајќи да не се дозволи од општината и државата да се направи една голема депонија. Според зборовите на раководителот на РЕ „Чистота“, Бранко Ѓоргиев, следната акција од „Еко фронт“ ќе биде спроведена во Муртино, изразувајќи го своето уверување дека до крајот на годината нема да постои ниту една дива депонија во општина Струмица.