Летно прскање против коров и треви на каналот долж улицата „Крушевска Република

Летно прскање против коров и треви на каналот долж улицата „Крушевска Република

644
0
АКЦИЈА

Екипа од Одделението “Комунална хигиена“ при ЈПКД „ Комуналец „ Струмица по втор пат годинава започна со прскање против коров и треви на каналот долж улицата „Крушевска Република „ . Со ова акција по хемиски пат се уништуваат коровот и сите други растенија кои започнаа да растат во текот на летниот период.  По неколку дена  се продолжува со  собирање на исушениот материјал и губре, се со цел каналот без проблеми да може да ја прими целата надојдена вода од летните поројни дождови со што се превенира од поплави на овој дел од градот, а воедно и каналот добива поубав почист изглед. Се апелира посебно до граѓаните кои живеат покрај каналот својот отпад да не го фрлаат во него туку истиот да го пријават на телефонски број 034 325 909 за истиот да биде подигнат.