Неделен извештај на Одделението Комунална хигиена при ЈПКД „ Комуналец „ Струмица

Неделен извештај на Одделението Комунална хигиена при ЈПКД „ Комуналец „ Струмица

1468
0
АКЦИЈА

Одделението Комунална хигиена при ЈПКД „ Комуналец „ Струмица освен собирање на смет два пати неделно низ 4 реона низ градот и  Централното градско подрачје и низ 3 реони по населените места, одржување на јавна  чистока со метење на улици низ градот со 9 екипи 6 дена во неделата,  одржување на јавна  чистока со метење на Централното градско подрачје од 07 до 20.30 часот, подигање на отпад од индустриските капацитети на општината, подигање на градежен шут по пријава на граѓани и собирање на гранки од дрвја, секоја недела изведува и акции за уредување на јавните површини. Изминатата недела се изврши и генерално чистење на каналот на ул Васил Главинов со собирање на целот отпад депониран во него, сечење и собирање на сета трева и кроење на дрвјата околу каналот а потоа се продолжи и со чистење на населеното место Водоча каде што беше целосно исчистен просторот околу чешмата, собран отпадот и исечени тревите и гранките  околу спортското игралиште, сечење на гранките на пристапните улички како и порамнување со механизација  на делот кој е во близина на манастирот. Со овие акции се обидуваме да допринесеме за поубава и почиста средина со секојдневни апели до граѓаните да се однесуваат одговорно, да допринесат за поубав изглед на Општина Струмица.