За да отпочне процесот на селекција на отпадот, неопходен е ангажман и...

За да отпочне процесот на селекција на отпадот, неопходен е ангажман и од компаниите и од граѓаните

1534
0
АКЦИЈА

Според Асоцијацијата за управување со посебни текови на отпад неопходно да се работи на подигнување на јавната свест кај македонските граѓани за селекција на отпадот.Од Асоцијацијата сметаат дека за да се спроведе овој процес до 2020, мора да има поголема вклученост од страна на сите правни субјекти, а како што истакна претседателот на оваа Асоцијација, Филип Ивановски, главна алка во покренување на процесот за селекција на отпадот се општините.Тој посочи дека според резултатите од нивното истражување, граѓаните во Македонија сакаат да го селектираат отпадот, но само ако имаат доволно контејнери за секој отпад посебно. Во оваа насока, како што истакна Ивановски, во наредните години главната цел на Асоцијацијата за управување со посебни текови на отпад ќе биде насочена кон инвестирање на финансии за што поголем број садови за селекција на отпад.                                                                                                         „Потребно е да постојат и еко-патроли што ќе прават увид во состојбата на садовите за селекција на отпадот. За што поефикасна селекција и рециклирање на отпадот, и компаниите што генерираат отпад мора да учествуваат во финансирањето на системите за собирање и рециклирање на отпадот“, беше истакнато од страна на Асоцијацијата за управување со посебни текови на отпад.