Вчера заврши ЕКО акцијата за генерално чистење на градот во пресрет на новогодишно-божикните празници, а во организација на општина Струмица и Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“. Градоначалникот Коста Јаневски и директорот на „Комуналец“, Зоран Ѓоргиев ги посетија локациите на кои се спроведуваа завршните активности од акцијата, која започна на шести декември.Еко акцијата ги опфати улицата “Браќа Миладинови“ се до улица “Мито Хаџивасилев Јасмин“,се исчисти и излезот кон Радовиш, а исто така акцијата продолжи околу нервното одделение на улица “Спиро Захов“,улиците “Бетовенова“, “Славчо Стојменски“, “5ти Ноември“, “Спиро Захов“, “Епименонда Поп Андонов“, “11 Септември“, “Маршал Тито“ до излезот кон населено место Куклиш,улиците „Невена Стојкова“, „Мирче Ацев“, „Орце Николов“, „Вера Циривири“, „Солунска“, „Загребачка“, „Кирил и Методиј“, „Стив Наумов“, „Партизанска“ и „Тодор Чучков“, се вршеше и машинско чистење на дивите депонии на улицата „Антон Панов“, на излезот од градот кон Валандово и на патот кон селото Баница.