Како да се „фрли“ несовесното фрлање во отпад?

Како да се „фрли“ несовесното фрлање во отпад?

2274
0
АКЦИЈА

Ени Леонард си задала цел: да ја промени американската култура на несовесно фрлање во отпад. Жителката на сојузната држава Калифорнија е опседната со проблемот преку 20 години – корисни работи што завршуваат на отпад, како и отровни материјали што ја трујат планетата и луѓето.


Леонард раснела во Сиетл, сојузната држава Вашингтон, каде ги минувала летата во шумите на планините Каскејд. Нејзиното училиште промовирало прашања од областа од животната средина, а таа раснела загрижена за неконтролираната сеча на шума во нејзиниот крај. Така станала активистка за заштита на шумите.

„На колеџ во Њујорк, пак, станав опседната со ѓубрето“, вели таа. Леонард ги минала следните 10 години во разни организации за заштита на животната средина во Вашингтон и лобирала за програми за рециклирање и поригорозни услови за складирање на отпадот.

Нејзиниот успех, за жал, имал и неочекувани негативни резултати меѓу приватните компании. Леонард вели дека многу од нив почнале со бродови да го префрлаат својот опасен отпаден материјал во странство. Но, таа се преселила во Женева, Швајцарија, со цел да работи на глобална кампања против извозот на отпад од богатите во сиромашните земји. Нејзината работа била да го следи отпадот од САД кој завршувал во Африка, Јужна Америка, Источна и Јужна Азија.

„На пример, бев во Бангладеш. Интервјуирав фармери кои користеле вештачко ѓубриво што било контаминирано со отровен отров од САД и потоа проширено во нивните фарми“, вели таа. „Заминав во Јужна Африка за време на апартхејдот каде компании од САД испраќале мошне токсичен отпад што содржел жива, во град со црно население чии жители не можеле да го напуштат и немале друг избор освен да ја користат загадената вода за пиење, миење и готвење“.

Леонард минала 10-тина години низ 40 земји како истражувач во рудници, фабрики… Научила за животниот циклус на многу производи – од мобилни телефони до четки за заби. Заклучила дека светот треба да го знае тоа што го дознала.

Имајќи го во предвид фактот колку отпад во светот доаѓа од САД, Леонард одлучила дека битката за наоѓање решение треба да се бара токму во таа земја. Се стационирала во Беркли, Калифорнија и почнала едукативна кампања. Направила 20-минутно видео и го ставила на Ју-тјуб. Го нарекла „Приказна за отпадот“. Си задала цел: ако го видат 50.000 луѓе – ќе претставува успех!

„Бев вџашена. Само за еден ден го видеа 50.000 луѓе, а досега го виделе 10 милиони од 223 земји и територии“, вели таа, повикувајќи се на податоците од Гугл.

Добила повеќе од 10.000 електронски пораки во кои ја прашувале за конкретни информации. Потоа решила своето искуство да го стави во книга под наслов „Приказни за отпадот“. Во неа е елаборирано од каде доаѓа и каде завршува отпадот.

Леонард била обвинета дека е антикапиталист. Таа негира.

Кога патува по светот, говори на универзитети, конференции. 45-годишната активистка честопати ја прашуваат како ја одржува надежта за почист свет. Таа е убедена дека состојбата со отровниот отпад не мора да биде ужасна, каква што е во моментов. Додава, излезот е во новите индустриски гранки кои дизајнираат поодржливи и здрави продукти. Ги потенцира и еколошките движења кои се обидуваат ја минимизираат употребата на токсични материјали. Но, пред се`, се надева дека ќе нарасне јавната свест да се „фрли“ несовесното фрлање во отпад.

Потоа решила своето искуство да го стави во книга под наслов „Приказни за отпадот“. Во неа е елаборирано од каде доаѓа и каде завршува отпадот.