Еколошко писмо: Еколошка свест

Еколошко писмо: Еколошка свест

3439
0
АКЦИЈА

Се почесто се прашувам дали ја имаме или пак само сме свесни за тоа кога ќе чуеме на ТВ или пак прочитаме нешто, што се и правиме на нашава планета. И не можам да не дојдам до заклучок дека некако слабо ни работи еколошката свест. Освен фрлањето смет насекаде, депонии на секој чекор, растурени контењери и др. не знам дали воопшто нешто кај нас се рециклира. Пред некој ден наидов на податок дека во Јапонија се рециклира околу 80 – 90 % од отпадот, што веднаш значи намалување на потребата од депонии и секако незагадување на животната средина. Вода трошиме како луди. Од една страна пошумуваме, од друга страна нема крај на крадењето дрва и бесправно сечење шуми. На патот кон населено место Раборци сеуште може да се види по некој „совесен„ граѓанин како го фрла својот смет. Ако кантата е неколку метри подалеку, не мрзи да отидеме до таму, па може и по пат да џитнеме нешто, оти нели нема баш од тоа да пропадне Земјава. Е баш ќе пропадне! На тој начин само им даваме пример на другите да не‘ следат нас, а и не сме свесни дека тоа мало ѓубренце може да е повод и место да се развие нова дива депонија… И така секој ден…Реално не може да очекуваме свеста да го направи своето, се вадам од кожа коа ќе видам фрлено ѓубре до контејнер.Поврзана сликаИма само едно решение – спроведување на закон и казна.  Кај мене имаше пример на 2 напишани казни, и опала, се е во најдобар ред. Совеста треба да еволуира. Во Америка, еден ден да не се пишуваат казни, ќе настане хаос. И да, казните да бидат, мотиче во раце, и чистење на ѓубре. Системот треба да се препише од развиените земји, со поделена одговорност по одредена квадратура подрачје, и да се знае кој таму води ред, кој средува, во лето трева, во зима снег.


Анонимен граѓанин