Генерално чистење на училишните дворови

Генерално чистење на училишните дворови

1338
0
АКЦИЈА

Работни единици од одделенијата “Чистота” и “Градско Зеленило“ при јавното претпријатие за комунални дејности “Комуналец” во склоп на заедничката акција со Општина Струмица „Еко Фронт“ а вклучувајки ги директно и учениците и наставниот кадар, продолжија со активности за генерално чистење на училишните дворови. Акцијата продолжува и следната работна недела. Денес се чистеа дворовите на О.О.У. „Маршал Тито“ и С:О.У. „Никола Карев“. Задоволни од интересот за вклучување во кампањата „Еко Фронт – Чиста да ни е“, од ЈПКД „Комуналец“ и Општина Струмица го поздравуваат несебичниот придонес на граѓаните за подигање на општата еколошка свест.