Генерално чистење на булеварите во градот

Генерално чистење на булеварите во градот

1172
0
АКЦИЈА

Во склоп на годишниот план за работа, но и по изминатиов период на наноси од снег и врнежи од дожд, работната единица при Одделението “Комунална Хигиена“ ЈПКД “Комуналец“ започна акција на генерално чистење на булеварите во Струмица. Покрај стандардните активности рачно метење и собирање на отпадоците, поради поволните временски услови, ќе се спроведува и машинско миење на булеварите и улиците со автоцистерна. Акцијата за генерално чистење ќе продолжи и во текот на наредната недела, а ќе ги опфати сите булевари и поголеми сообраќајници. Тековно улиците се чистат секојдневно, чистотата на улиците е на задоволително ниво. Апелираме до граѓаните да бидат внимателни и да не фрлаат отпадоци.