Вработените во „Комуналец“ го чистат населеното место Куклиш

Вработените во „Комуналец“ го чистат населеното место Куклиш

1533
0
АКЦИЈА

Екипи на Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ го чистат населеното место Куклиш. Генералното чистење почна вчера, рачно и со механизација, се собира разновидниот отпад и се чистат улиците од наносите наталожени од поројните дождови. По завршувањето во Куклиш, акцијата на генерално чистење по населените места ќе продолжи во населеното место Вељуса, односно ќе се чисти и уредува патот од двете страни што води кон манастирот „Св. Богородица Елеуса“. Паралелно со населените места се чистат и јавните површини во градот. Денеска се чистеа површините околу „Стариот суд“ во Струмица.Од ЈПКД „Комуналец“ апелираат до граѓаните на општина Струмица отпадот да го фрлаат на места определени за него и посовесно да се однесуваат кон јавните површини.