Акција за чистење на влезот на градот

Акција за чистење на влезот на градот

50
0
АКЦИЈА
Чист град е заедничка цел на ЈПКД „Комуналец“ и општина Струмица. Денеска, кога фреквенцијата на возила беше намалена, екипи на „Комуналец“, од двете страни го чистеа патот од излезот на градот кон селото Дабиле.
Се сечеја гранките кои го попречуваа движењето по тротоарите, се метеше и собираше отпадот и од тротоарите и дел од коловозот, со што целиот простор доби почист, поурбан изглед.
Влезовите се огледало на градот, а ЈПКД „Комуналец“со слични акции ќе продолжи и во наредниот период.