Работна посета на Градоначалникот на Општина Струмица Костадин Костадинов на ЈПКД „Комуналец„...

Работна посета на Градоначалникот на Општина Струмица Костадин Костадинов на ЈПКД „Комуналец„ Струмица.

713
0
АКЦИЈА
Денес Градоначалникот на Општина Струмица Костадин Костадинов изврши работна посета на ЈПКД „Комуналец„ Струмица. По прошетката низ претпријатието и во разговор со Генералниот Директор на ЈПКД „Комуналец„ Струмица Зоран Горгиев, раководителите на оделенијата како останатите вработени беше запознат како се организираат сите работни задачи, но и поразговараа за моменталната кондиција на претпријатието во исполнувањето на обврските и испорачувањето на квалитетни услуги кон граѓаните. Во разговорот истакна дека ЈПКД „Комуналец„ Струмица е единствено јавно претпријатие коешто се грижи за чиста и квалитетна вода за пиење, за отпадните и атмосферските води, отпадот, за одржување на јавната чистота и зеленило, за пазарите и градските гробишта, има потреба од проширување и модернизирање на механизацијата за поефикасно извршување на сите услуги во корист на граѓаните.

Во текот на разговорот потенцираше дека ја дава својата максимална поддршка и помош за чиста oпштина, здрава вода за пиење и квалитетно уредени и одржувани зелени површини,но и со висока свест за одржување на животната средина која не опкружува.