Известување : Дезинфекција на улиците низ Струмица

Известување : Дезинфекција на улиците низ Струмица

309
0
АКЦИЈА

Следејќи ги најновите препораки на Владата за преземање дополнителни и заострени мерки и активности за превенција од ширење на корона вирусот согласно препораките на Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство ЈПКД „Комуналец“ – Струмица започна со дезинфекција на сите улици низ градот Струмица. Дезинфекцијата ќе се врши секое утро се со цел да се спречи ширењето на вирусот. Се известуват сите граѓани од улицата Стив Наумов (од улица Кирил и Методи до улица Вера Циривири) како и на улиците Сава Ковачевик и Наум Наумовски Борче да ги отрстранат непрописно паркираните возила, со цел механизацијата да може слободно да поминува и да изврши дезинфекција. Во сите мали улички каде што нема услови да помине механизацијата дезинфекцијата ке се извршува рачно. Воедно се известуват сите граѓани дека подигнувањето на смет од домаќинствата  и метењето на улиците се врши стандардно без никакви застои и ограничувања. Сепак апелираме до сите да се однесуват одговорно и својот смет и отпад да го депонираат во контењерите и кантите (не околу нив) за да може побрзо и поефикасно да биде подигнат.