Дезинфекција на Општина Струмица

Дезинфекција на Општина Струмица

1603
0
АКЦИЈА

Следејќи ги најновите препораки на Владата за преземање дополнителни и заострени мерки и активности за превенција од ширење на корона вирусот согласно препораките на Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство ЈПКД „Комуналец“ – Струмица во соработка со Општина Струмица и Територијалната професионална противпожарна единица во раните утрински часови секојдневно врши дезинфекција на сите улици низ градот Струмица. Покрај тоа денес се дезинфекцираа и улици низ населените места Балдовци и Дабиле а деновиве ке се дезинфецираат и останатите населени места. Се молат сите граѓани да ги следат најновите препораки на Владата за преземање дополнителни и заострени мерки и активности за превенција од ширење на корона вирусот и со тоа да спречат ширенје на епидемијата.