Еко акција во Вељуса

Еко акција во Вељуса

104
0
АКЦИЈА

Одделението Комунална хигиена при ЈПКД „ Комуналец „ Струмица покрај секојдневните активности заедно со  механизација и работници од одделението Градско зеленило, во пресрет на верскиот празник Мала Богородица денес и во текот на викендот работат на чистење и уредување на с. Вељуса. Во акцијата ке бидат холтукултурно исечени и исчистени  сите  дрвја на патот до Манастирот како и отстранет целиот смет низ главната улица на ова населено место. Се апелира до сите граѓани кои ке го посетат Манастирот по повод празникот за совесно однесување со кое ке придонесат оваа населено место да го зачува својот уникатен и далеку препознатлив природен еко-етно амбиент.

АКЦИЈА
претходниот член,