“Струмичкиот Карневал“ со околу 50.000 посетители регистрирани оваа година

“Струмичкиот Карневал“ со околу 50.000 посетители регистрирани оваа година

2585
0
АКЦИЈА

Низ улиците на Струмица поминаа 41 маски во различни категории, со околу 2.000 учесници.Ги имаше од Словенија, Хрватска, Црна Гора, Србија, Албанија, Бугарија, Германија, но и од Аруба – холандските Антили. Околу 50 000 посетители беа регистрирани како гости дојдени да ја почуствуваат карневалската магија на градот. Организацијата на карневалот секоја година е на се повисоко ниво. Во истата со сите свои технички и хумани ресурси и оваа година беше вклучен ЈПКД “Комуналец“. По главното дефиле на карневалот и по  вчерашното издание на “Детскиот карневал“, денес во рамките на карневалските свечености денеска во Струмица ќе биде одбележан „чист понеделник“, првиот ден од велигденските пости. Традиционално на градскиот плоштад „Гоце Делчев“ ќе биде поделен бел грав.


Од ЈПКД “Комуналец“ беа на ниво на својата задача во одржувањето на чистотата на градот.