Соопштение

Соопштение

677
0
АКЦИЈА

Поради дефект на главна водоводна цевка која минува низ градскиот парк деновиве делови од Струмица и населените места Добрејци и Просениково беа без вода. Поради обемноста на дефектот екипи на ЈПКД Комуналец работеа неколку денови и дефектот е одстранет а водоснабувањето е нормализирано. Специфичноста на работата наложува ископите да се пополнуват етапно како не би дошло до повторно пукање на цевката. Во текот на наредните денови ископите ќе биде целосно санирани и велосипедската патека ќе биде вратена во првобитна состојба.