Расчистена уште една дива депонија

Расчистена уште една дива депонија

1477
0
АКЦИЈА

По објавувањето на фотографии од фрлање отпад на патот кон Цареви Кули од страна на веб порталот Струмица Денес, ЈПКД Комуналец –Струмица реагираше и сторителите беа пронајдени и истите започнаа со отстранување на отпадот и враќање на местото во првобитната состојба. На лице место беше и Општинската Комунална инспекција која понатаму ќе го води случајот. Благодарение на порталот Струмица Денес една дива депонија беше исчистена. Ги охрабруваме и другите портали, како и сите граѓани кои имаат фотографии од фрлање смет на јавните површини да ги пријават со што во соработка со Општинската Комунална инспекција ке бидат преземени мерки за отстранување на сметот и казнување на сторителите.