Во склоп на Пролетната акција за генерално чистење на градот, работните еиници од одделението “Комунална Хигиена“ при Јавното претпријатие за комунални дејности “Комуналец“, денес 20.05. недела беа на терен и извршија чистење и отстранување на отпадот на улиците во горниот дел на градот. Дезинфикцирани се сите контенјери во овој дел од градот, каде термините за подигање на отпадот се понеделник и четврток. Како што беше најавено на располагање беше целокупната механизација и човечки ресурси. Беше исчистена новонастаната дива депонија кај Градскиот стадион “Младост“, каде беа подигнати 9 камиони со зафатнина од 72 m3
биоразградлив отпад. ЈПКД “Комуналец“ ги поздравува граѓаните кои се заземаа за оваа акција.