Нови канти за рециклирање

Нови канти за рециклирање

623
0
АКЦИЈА
Со цел за зголемување на јавната чистоќа и поздрава животна средина Општина Струмица во соработка со ЈПКД „Комуналец“, во рамките на проектот „Еко паметни општини“, започнa со делење втора канта на домаќинствата, за селекција на отпад (пластика и лименки).
Започуваме со доделување на 1200 канти а ќе бидат опфатени: населбата Карпош и сите улици во потегот од улицата Браќа Миладинови до улицата Мито Хаџивасилев Јасмин, како и од Булевар Климент Охридски до Булевар Маршал Тито.
Со оваа акција и официјално се започнува со селектирањето отпад во Струмица, кое во наредниот период постепено ќе се прошири и на целата територија на општината.
Кантите кои се обележани со лепенка за рециклирање се обезбедени од ЈПКД „Комуналец“ и Општина Струмица и ќе се делат бесплатно а ЈПКД Комуналец со посебен автосмеќар ќе го подига овој вид отпад секоја среда , од дворовите на домаќинствата.
Напоменуваме дека новите канти служат само за пластични шишинја ( ПЕТ амбалажа ) и лименки. Се надеваме на поголема еколошка свест кај граѓаните што е од најголема важност за успехот на овој проект кој ке обезбеди поквалитетно управување со отпадот и пред се поздрава и почиста животна средина.