Летна акција за генерално чистење на општина Струмица

Летна акција за генерално чистење на општина Струмица

2148
0
АКЦИЈА

Продолжува летната акција за генерално чистење на општината. Од вчера на терен се излезени екипи од одделенијата  „Комунална хигиена“  и “Управување и одржување на јавно зеленило’при ЈПКД „Комуналец“ и се изврши чистење во населбата Карпош до старата касарна и долж булеварот „Гоце Делчев“. Ќе бидат опфатени сите места. Апелираме  до граѓаните, посебно до тие во населените места, да бидат повнимателни со фрлањето на отпадот, особено во овие месеци кога се врши чистење на домовите, и истиот да го фрлаат на места одредени за него.